Пендаровски одржа говор пред албанското знаме кое е двојно поголемо отколку македонското

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во првата изборна единица кој претрпе тежок пораз на претседателските избори пред две години, Стево Пендаровски, одржа говор пред албанското знаме кое е двојно поголемо отколку македонското.

Со денови теренските посети на СДСМ се одвиваат во албанските села: се отвораат штабови, се веат албански знамиња, се разговара со граѓаните. Шеќеринска, која е носителка на листа во ИЕ 5, е неуморна во Кичевско, Петре Шилегов, кој е носител на листа во ИЕ 6, активен е низ Гостиварско и Тетовско, Едмонд Адеми и Мухамед Зекири, членови на ИО и ЦО на СДСМ, Стево Пендаровски, кој е носител на листа во ИЕ 1, и секако лично Зоран Заев, иако е носител на листа во ИЕ 4.

Вечерва Заев присустуваше на отворање на штаб на СДСМ во Кондово, а заедно со Адеми и Пендаровски ја посети и општина Сарај.
СДСМ веќе на крие дека Заев им дал „беса“ на албанските партии, на албанската дијаспора, но и на Албанците во Република

Македонија и дека враќање нема – нивната агенда за реализирање на големоалбанскиот сон е и негова агенда, СДСМ на овие избори се бори да ја уништи Македонија.