Пендаровски по стапките на својот ментор – немало да го потпише Законот за Буџет

Деструктивните политики кои ги практикуваше неговиот ментор Бранко Црвенковски, очигледно се репер за претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Пендаровски во синоќешното гостување на ТВ „24 Вести“ најави дека доколку стане претседател на државата ќе води деструктивна политика, која беше препознатлива за неговиот идол изминатите години, чиј советник беше токму Пендаровски.

Претседателскиот кандидат на СДСМ, во критиките кон Иванов го нападна актуелниот шеф на државата зошто го потпишал указот за Законот за прогласување на Буџет, кој според Пендаровски бил донесен на скандалозен начин.

„Таа Влада во изминативе години иамше донесено стотици и стотици закони. Да не зборувам за указот за законот за прогласување на Буџет кој беше донесен на скандалозен начин, невиден во изминативе три века во Европа“, истакна Пендаровски и додаде дека не може да поддржи ваков Буџет.

СДСМ и Црвенковски во декември 2012 година го блокираа носењето на Буџетот и покрај протестите на граѓаните кои бараа негово донесување, бидејќи во спротивно тоа ќе беше штетно за економијата, стандардот, невработеноста, инвестициите, но и за самиот имиџ на земјата.

Погрешната политика на СДСМ беше казнета само неколку месеци подоцна. Опозицијата претрпе катастрофален пораз на локалните избори, освојувајќи само 4 градоначалнички метса, наспроти 58 кои ги освои власта.

Ваквите изјави на Пендаровски покажуваат дека доколку тој бил шеф на државата, немало да го потпише указот, што јасно укажува на тоа дека немало да биде испочитувана волјата на граѓаните. Експертите тогаш предупредуваа дека доколку не се донесе Буџетот, стопанството ќе се блокира, ќе се испрати лош сигнал до инвеститорите, ќе се загрози исплатата на земјоделските субвенци, ќе се стопираат сите капитални проекти и низа други негативни последици за граѓаните.

Ставот на Пендаровски навестува дека доколку тој стане претседател на државата, ќе продолжи со деструктивната политика кој ја водеше неговиот ментор, со што можно е да предизвикаат нови кризи од кои директна штета ќе трпат граѓаните