Македонија

Пендаровски поднесе оставка на пратеничката функција по именувањето за нов Координатор за НАТО

Пендаровски поднесе оставка на пратеничката функција по именувањето за нов Координатор за НАТО

Стево Пендаровски денеска до Собранието на Република Македонија поднесе оставка од функцијата пратеник. Пендаровски во Собранието е дел од пратеничката група на СДСМ.

Оставката на Пендаровски Собранието треба да ја констатира на првата наредна седница.

Минатата недела Стево Пендаровски беше именуван за Национален координатор за влез на Македонија во НАТО.

Пендаровски на предвремените избори во декември 2016 година беше носител на листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 1.