Пендаровски се обидувал да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа

Некој од кандидатите за претседател рефлектира доза на консензуалност, вели пратеничката на Демократската унија за интеграција, Ермира Мехмети прашања дали некој од кандидатите за шеф на државата го гледаат како консензуален претседател.

„Номинацијата е друго прашање, а кандидатот како личност е друго прашање. Ние говориме за процеси и концепти, не говориме за конкретни кандидати. Имаме кандидати и некои се чини како да се обидуваат на некој начин да ја рефлектираат идејата, но тоа не е тоа“ , вели Мехмети при тоа не прецизирајќи на кој кандидат конкретно мисли.

Бидејќи, ДУИ јасно кажа дека не го поддржува актуелниот претседател и кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов за кандидат, се претпоставува дека Мехмети мислеше на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Претходно во собраниската сала, пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева зборуваше токму за тоа дека СДСМ се обиделе да направат предизборна коалиција со ДУИ и го нуделе Пендаровски како погоден кандидат за консензуален претседател.