Пенезиќ и Лазович за посилен ЖРК Вардар

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар е на добар пат да напрваи голем успех во Лигата на шампионите, но раководството на „црвено-црните“ веќе почна и со ангажман на засилувања за наредната сезона “Црвено-црните“ преку својата официјална фејсбук-страница обелоденија дека веќе ги договориле трансферите на Андреа Пенезиќ и на Барбара Лазович, со што „вардарки“ ќе имаат уште помоќна бековска линија.

Двете ракометарки сезонава го носат дресот на словенечкиот Крим, но заради финансиски проблем на клубот ќе мора да ја сменат средината. Тие ќе останат во Крим до крајот на сезонава, а потоа ќе им се приклучат на „црвено-црните“, кои дефинитивно прераснуваат во еден од најголемите брендови во женскиот клупски ракомет.

Андреа Пенезиќ со години важи за предводничка на хрватскиот национален тим и во последните пет години редовно е избирана за најдобра ракометарка во својата земја. Таа настапува на позицијата лев бек, додека Лазович е класичен десен бек