Пенезиќ и Лејно помеѓу најдобрите за ова коло во ЛШ

Хрватската репрезентативка во редовите на ЖРК Вардар повторно беше избрана помеѓу трите најголеми ѕвезди во Лигата на шампионите, откако се прикажа во одлично издание против Динамо Синара.

Во борбата за наградата МВП на шестото коло конкуренција ќе и бидат голманката на Ларвик, Сандра Тофт како и Лоис Абинг од романскиот првак Баја Маре.

И голманката на Вардар, Лејно одигра исклучително квалитетен натпревар и се најде на топ пет листата со најдобри одбрани за ова коло, освојувајќи го третото место.