Пенезиќ во ТОП 3 ракометарки за ова коло во ЛШ

Ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ која беше една од главните фигури во победата на “црвено-црните” против Крим, е избрана од ЕХФ меѓу трите ѕвезди на колото во Лигата на шампионите.

Пенезиќ, која во Словенија запиша 11 гола од 13 обиди, се најде меѓу најдобрите три ракометарки на колото, во друштво на Ана Кочетова од Динамо и Кристина Неагу од Будуќност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.