Му го спржила пенисот со пегла за коса, затоа што ја изневерувал

Австралијанка му го спржила пенисот на момчето со пегла за коса затоа што ја изневерувал. Таа докажа дека најпопуларниот додаток за стилизирање на фризурата, во рацете на разлутената жена може да биде опасно оружје.

Бринвин Џој Паркер од Австралија се изјаснила дека е виновна и дека му го спржила пенисот на момчето со пегла за коса, откако дознала дека тој поминал два дена со поранешната девојка, пишува Дејли меил.

Му го спржила пенисот со пегла за коса, затоа што ја изневерувал
Му го спржила пенисот со пегла за коса, затоа што ја изневерувал

Инцидентот се случил во декември 2013-тата година, а 22-годишната Австралијанка добила деветмесечна затворска казна и 18-месечна условна казна.

За време на судењето, окружниот судија Пол Мускат мака мачел да ја разбере причината за случајот и изјавил дека станува збор за мошне необичен случај.

Девојката доживотно го „жигосала“ пенисот на нејзиното момче

Бронвин пронашла докази за неверството на нејзиното долгогодишно момче, кое одлучило да ја прикрие целата работа, па така таа дошла до идеја за мошне „иновативна“ одмазда.

Му го спржила пенисот со пегла за коса, затоа што ја изневерувал
Му го спржила пенисот со пегла за коса, затоа што ја изневерувал

Накратко, неговиот пенис доживотно ќе остане „жигосан“ и тој ќе има бројни проблеми, меѓу кои и неправилна функција на половиот орган, а да не ги споменуваме козметичките и психолошките проблеми што се поврзуваат со повредите на толку осетлив дел од телото, изјавил судијата Мускат.

За да ја спаси врската момчето прифатло таа да му го стави пенисот во вжештена пегла за коса, затоа што верувал дека овој уред неможе да биде многу опасен.

Сепак, по само неколку секунди тој добил изгореници од трет степен на пенисот, со што конечно бил ставен крај на нивната врска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.