Пенс ја советува Турција „да не го искушува трпението на Трамп“

© AP Photo / John Minchillo

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Турција во средата „да не го става на проба трпението“ на претседателот Доналд Трамп и да го ослободи американскиот пастор Ендрју Брансон, откако претходно Анкара соопшти дека тој не е тема на дискусија со Вашингтон.

„Пасторот Ендрју Брансот е невин човек, кој е заточен во Турција. Претседателот и јас продолжуваме цврсто да стоиме на своите барања, сé додека пасторот Брансон не биде ослободен и не му се врати на своето семејство, пријателите и црквата во САД“, напиша потпретседателот Мајк Пенс на Twitter.

Додава дека „Турција не треба да го става на проба трпението на претседателот Трамп, кој има намера да ги врати дома во САД Американците кои неправедно се затворени во други земји“.

Исторемено портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт, истакна дека САД и Турција сé уште не планирале средби на коишто ќе се разгледува натамошната судбина на пасторот.

„Дипломатските напори продолжуваат. Убедена сум дека некогаш во иднина ќе зборуваме со турската влада за случајот на пасторот Брансон и другите Американци“, додаде портпаролката.

Американскиот пастор е притворен во Турција од октомври 2016 година со обвинение за помагање на забранетата организација FETО, која ја води имамот Фетула Ѓулен кој речиси две децении живее во доброволен егзил во САД. Анкара Ѓулен и неговите приврзаници, заедно со десетици странски државјани се обвинети за организација на неуспешниот пуч од летото 2016-та. Брансон, исто така, е обвинет и за поддршка на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), а пасторот ги отфрла обвиненијата нарекувајќи го „срамни и одвратни“.

Кон крајор на јули судот во турската покраина Измир одлучи да го премести пасторот во домашен притвор. Со пресудата од 25-ти јули на Бренсон, исто така, забрането му е да ја напушта територијата на Турција. Претходно истиот суд го отфрли барањето за ослободување на Брансон. Следното рочиште во случајот на американскиот пастор е закажано за 12-ти октомври.

Во последниот период прашањето за судбината на пасторот стана едно од најтешките во тешко нарушените односи меѓу Вашингтон и Анкара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.