Пенс: Судбината на Либија е суровата реалност која го чека Пјонгјанг

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја дека би можела да ја искуси судбината на Либија, доколку не биде постигнат договор за севернокорејската нуклеарна програма.

На прашањето дали е тоа закана кон севернокорејскиот режим, Пенс изјавил дека тоа е и “многу повеќе од суровата реалност која го очекува Пјонгјанг“.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон минатата недела изјави дека Вашингтон не сака да го повтори сценариото од Либија, кога поранешниот американски претседател Џорџ Буш потпиша договор за нуклеарната програма на Либија во 2003 година, а подоцна со интервенција беше срушен режимот на Муамер Гадафи.

Актуелниот претседател на САД, Трамп изјави дека не сака либискиот модел да го примени во Северна Кореја, но дека за тоа би можело да се расправа доколку не биде постигнат договор.

Властите на Северна Кореја негодувале после изјавите на Болтон и Трамп, а последните изјави на Пенс би можеле додатно да предизвикаат реакции од Пјонгјанг.

Трамп би требало на 12 јуни да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сенегал.