Свет

Пентагон купува 80.000 „Блeкбери“ телефони

Пентагон купува 80.000 „Блeкбери“ телефони

Американскиот Пентагон најави дека до крајот на јануари на своите вработени ќе им подели 80.000 телефони „Блекбери“, што ќе значи добра финансиска инјекција за канадската компанија.

Пентагон ги купил телефоните од оваа марка, со што се потврдува безбедноста на овие уреди, иако на пазарот веќе подолго време не може да се соочи со конкурентите со Андроид систем или „Ајфоните“.

Американското Министерство за одбрана се одлучи на таков чекор поради сигурноста која што ја пружа „Блекбери“ при пренос на податоците, што е посебно важно по минатогодишната афера со Едвард Сноуден.