Пентагон може да објави дека во Сирија има 2.000 војници на САД

Американското министерство за одбрана веројатно следните денови ќе објави дека во Сирија има распоредени околу 2.000 војници на САД, изјавија два американски функционери во петокот откако армијата призна дека претходно наведен премал број американски војски во оваа земја на Блискиот исток.

Армијата на САД претходно објави дека во Сирија има околу 500 војници, повеќето како поддршка за Сириските демократски сили (SDF), коалицијата на курдски и арапските милиции, кои се борат против џихадистичката групација Исламска држава на северот од земјата.

Двајца американски функционери, под услов да останат неименувани, рекле дека Пентагон веќе во понеделник може да објави дека во Сирија има повеќе од 2.000 американски војници. Додале дека секогаш е по промени во последен момент да биде одложено ова објавување, пренесува Reuters.

Тоа не значи зголемување на бројот на војниците, туку попрецизиран начин на броење, бидејќи бројките често флуктуираат.

Системот на броење војници (FML) е воведе во Ирак и во Сирија во текот на мандатот на поранешниот американски претседател Барка Обама, како форма за надзор над војската.

Меѓутоа, овие бројки не ги одразуваат секогаш размерите на ангажманот на САД на теренот, бидејќи командантите често наоѓаат начини да ги заобиколат ограничувањата, понекогаш привремено доведувајќи сили или најмувајќи повеќе луѓе со договорните страни.