Пентагон одговори во врска со рускиот разузнавачки брод крај бреговите на САД

Рускиот воен брод „Виктор Леонов“ во посета на пристаништето на кубанското пристаниште Хавана, архивска фотографија © AP Photo/Desmond Boylan

Соединетите држави го почитуваат правото на слободна пловидба во меѓународните води, изјавила во петокот на прашање на русата новинска агенција РИА, шефицата на одделот за односи со јавноста на Северната команда на Вооружените сили на САД (NORTHCOM) и на Северноамериканската команда на воздушно-космичката одбраа (NORAD), мајорот Мери Рикс во врска со медиумските извештаи дека руски воен разузнавачки брод е забележан на повеќе места крај брегот на САД.

„Знаеме за овој брод, но ни им го признаваме правото на сите суверени држави на слободна пловидба во меѓународните води и да посетуваат земји со коишто имаат такви договори. Но ние нема да коментираме конкретно какви бродови ние следиме или не следиме“, изјавила Рикс.

Претходно изданието Washington Free Beacon, повикувајќи се на воени извори, објави дека рускиот разузнавачки брод „Виктор Леонов“ минал крај атлантскиот брег на САД и бил регистриран особено кај ‘ртот Канаверал во сојузната држава Флорида, Кингс-Беј во Џорџија, во близина на Норфлок во Вирџинија и Њу Лондон во Конетикат.

Според изворите на изданието, целта на ова разузнавачка операција била „шпионирање на американските ракетни подморници“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.