Свет

Пентагон претстави футуристички магнетен топ

Пентагон претстави футуристички магнетен топ

Американската морнарица го претстави новото футуристичко оружје, електромагнетниот топ кој ќе може да стрела проектили со брзина седумпати поголема од брзината на звукот и да погоди цел на 180 километри.

На изработка на топот се работеше со години, а претставен е на саемот на американската морнарица.

Новиот топ наместо барут за притискање на проектилот користи електромагнетни импулси, а проектилите удираат во целта со таква сила да воопшто не мора да содржат експлозив.