Пентагон: Русија претходно била известена за нападот

Според нив, нападот е извршен поради смртоносниот хемиски напад во вторникот врз цивили во покраината Идлиб. Претходно американски медиуми јавија дека САД известиле голем број држави за операцијата, но меѓу нив не била Русија.

Педесет и девет ракети Томахавк се испукани синоќа од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.

Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за ПВО и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.