Пентагон: САД ги уништија капацитетите со хемиско оружје на ИД

Пентагон: САД ги уништија капацитетите со хемиско оружје на ИД
Пентагон: САД ги уништија капацитетите со хемиско оружје на ИД

САД извршија воздушни напади во кои веруваме дека се уништени хемиските вооружени капацитети на Исламската држава (ИД), соопшти Пентагон, додавајќи дека информациите за нападите ги добиле од екстремист, кој бил заробен од американските командоси.

– Веруваме дека информациите, кои успеавме да ги добиеме ќе ни овозможат да извршиме дополнителни операции, изјави портпаролот на Пентагон, Питер Кук.

Пентагон исто така соопшти дека во февруари за време на операција во Ирак бил заробен Сулејман Давуд ал Бакар, познат како Абу Давуд, кој е шеф на арсеналот на хемиското оружје на ИД.

Во соопштението на Пентагон се додава дека Абу Давуд денеска е префрлен во притвор на ирачката Влада.

Пентагон прецизираше дека деталите за складиштата и објектите за производство на хемиско оружје на ИД, како и за луѓето, кои се во тоа вмешани, ги добил од Абу Давуд, а врз основа на тие информации коалицијата, на чело со САД извршила повеќе напади врз ИД.