четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 39

Пентагон: САД ќе ги зајакнат дејствијата протви ИД

Ние во брзо време ќе преземеме некои мерки, за забрзување на исполнувањето на нашата стратегија и уништувањето на ИД, изјави Картер, додавајќи дека тоа го побарал претседателот Обама.

pentagon

Поврзани вести

САД ќе продолжат да ги зајакнуваат дејствијата против групата „Исламска држава“ во Сирија со цел да ја уништат, изјави Министерот за одбрана Ештон Картер на заедничка прес-конференција со британскиот колега Мајкл Фалон.

Ние во брзо време ќе преземеме некои мерки, за забрзување на исполнувањето на нашата стратегија и уништувањето на ИД, изјави Картер, додавајќи дека тоа го побарал претседателот Обама.

Обама, кој се обидува да ги убеди американците дека стратегијата против ИД е правилна, во понеделник ќе има седница во Пентагон, посветена на воените напори против ИД во Ирак и Сирија. Тој ќе го собере и Советот за национална безбедност, по што ќе има изјава, соопшти неговиот портпарол Џош Ернест.

Најчитани вести