Пентагон: САД спречиле руски хакерски напад

САД спречиле напад на руски хакери оваа година, кои пробиле во јавна мрежа на американската армија, изјави американскиот министер за одбрана Аш Картер, нагласувајќи ја зголемената кибер-закана и способноста на САД да и одговорат.

Картер на Стендфордскиот универзитет истакна дека Пентагон е подготвен да помогне за заштита на американските мрежи и доколку е потребно да употреби кибер-оружје.

Во новата стратегија за кибер-безбедноста на Пентагон, Русија и Кина се наведени како држави кои успеале да развијат кибер-способности и стратегии. За Иран и Северна Кореја се нагласува дека имаат „слабо развиени кибер-капацитети“, но отворени непријателски намери во однос на американските интереси.  

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.