Пентагон тврди: Српските дипломати биле мртви пред воздушниот напад

Американската војска верува дека двајцата српски дипломати не биле убиени во воздушниот удар против ИД во Либија минатата седмица, туку се сомнева дека странците биле киднапирани од страна на посебна криминална група за откуп, која што ги убила, а потоа се обидела „да се извлече за нивната смрт“, пренесува „Танјуг“.

Пентагон има неколку причини да верува дека Србите не биле во кампот на ИД кога бил бомбардиран, изјави официјално лице од одбраната што инсистираше на анонимност.

Првата причина е тоа што, како што наведува тој, припадниците на либиските служби што стасале први на местото на бомбардирањето и подоцна ги пренеле повредените во болница, не известиле дека на местото пронашле луѓе од Запад, наведува „Вашингтон пост“.

Втората причина, според неговите зборови е тоа што фотографиите од убиените дипломати што се појавиле на Интернет не изгледа дека се снимени во близина на местото на бомбардирањето, ниту дека било кој од нив е убиен во она што е опишано како масовен удар.

-Состојбата со посмртните останки не е конзистентно со смкртните случаи во воздушен удар со оваа јачина и интензитет, наведува тој.

Наместо тоа, амњериканските власти веруваат дека дипломатите можеби веќе биле мртви, а нивните тела се наоѓале во Триполи за време на воздушниот удар.