„Пентапостагма“: ЕУ и НАТО сакат граѓанска војна и расцепување на Македонија

Граѓанска војна и распарчување на Македонија, а потоа и соединување со Косово – ова според анализата на грчкиот портал „Пентапостагма“ е актуелната агенда на ЕУ и НАТО за нашата земја.
Како што јаува дописникот на „Нетпрес“ од Атина, за разлика од највлијателните грчки медиуми кои што заземаа јасна страна против ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски, дел од грчките информативни онлајн изданија излегуваат со дијаметрално спротивни тези.

Пренесувајќи ја изјавата на Груевски по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, дека постои странска интервенција во создавањето на кризата во Македонија, „Пентапостагма“ додава дека еврокомесарот Хан е познат по своите про-албански позиции, кои што се видоа и при инцидентот со Грција во врска со темата за Чамите.

ЕУ и НАТО ја водат земјата кон граѓанска војна и расцепување и соединување со Косово, а потоа развојот на настаните ќе биде бурен…Диви сцени веќе се одвиваат во близина на границата со Грција и доверливи информации индицираат дека воен план на УЧК, а сега нарекувана АНА, веќе е активиран поради невозможноста да се создаде влада…Албанците се подготвуваат да предизвикаат граѓанска војна доколку не им биде даден мандатот да формираат влада, а потоа ќе интервенираат НАТО и ЕУ за да го осигурат планот за земјата”, се вели во анализата на Пентапостагма.

И во анализа на порталот Триклоподија, повикувајќи се на српски владини и разузнавачки извори, се информира дека НАТО подготвува војна против Србите, но и Македонците, користејќи ги притоа Албанците, со цел создавање голема Албанија и спречување на руското влијание.

trikopodia 24 04

Во истовреме, Албанците се фатија за работа и во пј Р Македонија и се подготвени да почнат војна што е можно побрзо како дел од истиот голем план за немири на Балканот, се вели во анализата.

Авторот сугерира дека за православните земји од регионот, вклучително Македонија и Грција, постои само еден излез, а тоа е создавање на православен сојуз, бидејќи и Грција би можела наскоро да се најде пред проблематична ситуација со Албанците, кои што како се наведува во текстот, се користат како марионети за воспоставување на новиот поредок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.