„Пентапостагма“: Заев има скриена агенда со Албанците и е ризик за кинеско-руските проекти за Македонија

Нов и многу интересен развој на настаните во Македонија, во кој што се вклучува и Кина, драматично ги менува фактите ширум Балканот. Како што јавува дописникот на „Нетпрес“ од Атина, дел од грчките медиуми информираат за неодамнешниот самит во Пекинг, нагласувајќи дека екстремно опасната состојба во нашата земја е одблизу набљудувана од страна на кинеската дипломатија и тајни служби, поради кинескиот план за конструкција на железницата Патот на свилата.

Грчкото информативно онлајн издание „Пентапостагма“ информира и дека Русија и Кина планираат и други големи проекти што ќе го опфаќаат коридорот на железницата, која што ќе се гради на оската Пиреја, Скопје, Белград и Букурешт.

Кремлин и Пекинг пренесуваат пораки до Скопје во кои што нудат мир и просперитет за разлика од Западот, чија што цел е да ја распадне земјата и да креира голема Албанија, токму поради нелегалните планови на НАТО. Дебело опасна игра се игра во п ј Р Македонија од неодамна, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина во малата земја што претставува пората кон централна Европа. За Москва, Македонија е едно од најважните места за контрола на гасоводот Турски тек и ако Зоран Заев успее да дојде на власт, тој ќе претставува сериозен ризик за овие планови, пишува „Пентапостагма“.

Порталот информира и дека поради овие кинеско-руски планови за земјата, се вмешаа и Американците, кои што го притискаат шефот на државата Ѓорге Иванов, преку НАТО, ЕУ и други канали, да му го даде мандатот на Зоран Заев, кој што, како што се наведува “има скриена агенда со Албанците”. Москва и лично претседателот Владимир Путин, ја дадоа првата голема битка против САД и ЕУ во Македонија, чиј исход ќе ја пресуди иднината на Русија во Балканот и Европа во целина, се заклучува во анализата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.