Пензиите и социјалната помош ќе се зголемат за нови 21,5 отсто

Премиерот Никола Груевски најави дека за секоја година ќе има зголемување на пензиите на пензионерите за 5 отсто, за 4 години тоа значи за 21,5%.

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, по 150 милиони секоја година.

„Ова е историски највисок постигнат износ за поддршка на земјоделците,“ заклучи премиерот.