Пензија во Австралија на 70 години

Австралија ќе го подигне прагот за заминување во пензија на 70 години, потврди австралискиот министер за финансии. Новатат старосна граниза за заминување во пензија ќе важи од 2035 година и ќе се однесува на оние кои се родени по 1965 година.

Ова е втор пат во неколку години Австралија, која е притисната од стареењето на популацијата и буџетски проблеми да ја подига старосната граница за заминување во пензија. Претходно, лабуристичката влада одлучи дека од 2023 година, австралијанците ќе одат во пензија на 67 години, наместо сегашните 65. Тамошниот министер за финансии овој потег го оправдува како само една од низате мерки за намалување на државните трошоци и намалување на буџетскиот дефицит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.