Пензионер од Битола доби 130 илјади во Ново Лото 7/34

Добитникот на петка Џокер, во Новолото 7/34 од 99-то коло, емитувано на 09.12.14 ја подигна својата добивка, вредна 130.315,00 денари.

Станува збор за пензионер од Битола, кој посака да остане анонимен. Тој своето добитно ливче го уплатил во СТУДИО ГИНА – продажно место кое се покажа како негово среќно.

Нашиот најнов член на големото семејство среќни добитници на Државна лотарија на Македонија е верен играч на Ново Лото и Бинго, со години. Покрај овие игри на среќа, често практикува да игра и дополнителна игра ЏОКЕР, а повремено и Инстант лотариите на ДЛМ. За него може да се каже дека е навистина среќен играч, затоа што досега добил неколку повредни добивки од поранешното Џамбо Бинго на Државна лотарија на Македонија, како и по некоја стокова награда.  За разлика од него, неговата сопруга не верува дека среќата може да му се насмее на секој што ги игра игрите на среќа. Токму затоа при доаѓањето во просториите на Државна Лотарија на Македонија, тој им порача на сите играчи: „Само тој што игра, може да добие“.

Пресреќен од добиената сума од 130.315 ден, ни откри дека добивката ќе им ја подели на неговите внуци, за да ги израдува пред Нова година.

99то коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 09.12.2014 на телевизија Сител, ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 130.315,00 денари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.