Пензионерите до крајот на месецов аплицираат за бања и викенд

Пензионерите до крајот на септември може да аплицираат за бесплатна бања и викенд за 2016-та година.

Во рамки на проектот за бањско климатска рекреација државата на пензионерите им обезбедува 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта.

Пензионерите до крајот на септември може да аплицираат за бесплатна бања и викенд за 2016-та година.
Пензионерите до крајот на септември може да аплицираат за бесплатна бања и викенд за 2016-та година.

Со проектот за бесплатен туристички викенд на пензионерите им се обезбедени два полни пансиони (2 ноќевања со три оброка дневно), односно пристигнување во петок попладне, а заминување недела попладне и автобуски превоз до хотелскиот објект.

Хотелските објекти во коишто ќе бидат упатувани корисниците на пензија кои ги исполнуваат условите, се наоѓаат во  туристичките капацитети и одморалишта во Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа и Берово.

Следната година ќе бидат опфатени 8.500 пензионери

Со овие два проекта планираме да опфатиме околу 8.500 пензионери до 2016 година, односно 3.000 пензионери да искористат можност за бесплатен туристички викенд во туристичките центри во Република Македонија и околу 5.500 пензионери да бидат дел од проектот бесплатна бањско-климатска рекреација, изјави министерот за труд и социјална политика во рамки на посетата на Катлановска бања.

Спасов додаде дека за овој проект и за проектот бесплатен туристички викенд се веќе распишани јавните повици за корисниците за 2016-та година.

Сите пензионери кои досега не ги користеле услугите од овие два проекти ги повикувам да аплицираат. Јавниот повик трае до 30 септември и сите корисници на пензија имаат можност да алицираат во филијалите на Фондот на пензиско и инвалидско осигурувња, потенцираше Спасов.

Министерот потенцира оти овој проект им помага и на самите бањски објекти. Како што рече во Катлановска бања Министерството годишно плаќа за аранжмани за околу 1.200 пензионери по шест полни пансиони, односно околу 7.400 полни пансиони годишно.

Тоа се значајни финансиски средства кои влијаат на унапредување на условите за згрижување и нега во бањските капацитети. Овие проекти ќе продолжат и во иднина со цел да влијаеме на подобрување на здравјето на највозрасните лица во нашата земја, рече министерот Спасов.

Директорка на Катлановска бања Светлана Петровска, истакна дека проектот е добро прифатен од страна на пензионерите и оти средствата што ги добиваат придонесуваат за развој на бањата.

Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, појасни дека со менаџментот на Катлановска бања и Скопскиот плански регион е изготвена студија во која заштитното подрачје е намалено, со цел, како што рече, оваа бања да може да доградува, да ги реновира и санира објектите.

Министерот Спасов денеска оствари средба и со граѓаните на Катланово и разговараше за проблемите со кои се соочуваат, а се во негова надлежност и во надлежност на општина Петровец. Граѓаните меѓу другото се интересираа и за условите што треба да ги исполнат за да аплицираат за овие два проекти.