Пензионерите благодарни за зголемувањето на пензиите

Пензионерите благодарни за зголемувањето на пензиите. Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски, истакна дека благодарение на добрата соработка со Владата, се постигнати овие навистина добри резултати. Сите пензионери се посебно задоволни со зголемувањето на пензиите.

Единствено кај нас се зголемуваат пензиите и треба да бидеме многу благодарни за тоа бидејќи пензионерите во овие години добија подобри услови, вели Аргировски.

Инаку средствата за новото покачување се веќе обезбедени со Предлог буџетот за 2016 година.

Пензионерите денес ги добија повисоките пензии

Околу 300 илјади пензионери денеска ќе ги подигнат своите повисоки пензии. Пензионерите денес ќе добијат пензии со покачување од 621 денар. Со овогодинешното покачување просечната пензија ќе достигне 13.085 денари.

Пензионерите благодарни за зголемувањето на пензиите
Пензионерите благодарни за зголемувањето на пензиите

Министерот за финансии Зоран Ставрески заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов остварија средба со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија, на која беше разговарано задоволствата и впечатоците за досегашната поддршка за пензионерите.

Како што ветивме линеарно  секој пензионер во Република Македонија доби зголемување од 621 денар на пензијата и на тој начин помагаме да се подобри животниот стандард на пензионерите во Република Македонија, подвлече Ставрески.

Во октомври следната година ново покачување на пензиите

Во октомври 2016 година ќе има ново покачување на пензиите од 650 денари.  Законските измени кои треба да го овозможат ова покачување неодамна беа усвоени во македонското Собрание.

Покрај тоа и со другите мерки ги поддржуваме пензионерите во насока на подобрување на услугите за живот и можеме да констатираме дека од досегашната соработка и ние сме задоволни од тоа што го слушаме од СЗПМ, како најрепрезентативен претставник на пензионерите  во Македонија. И на нивна страна постои задоволство и можеме да ветиме дека грижата за пензионерите ќе продолжи и во следните години, заклучи Ставрески.

Континуирано зголемување на просечната пензија

Инаку во однос на 2006-тата година кога просечната пензија изнесуваше 7.638 денари, ова е покачување за 70 отсто во однос на 2006 година.

Со претседателот и раководството на Сојузот континуирано водиме дијалог и како резултат на тој дијалог и соработка која што ја имаме во годините наназад влијае на тоа да продолжиме со реализација  на проекти кои што се позитивни за сите пензионери во Македонија, рече Спасов.

Континуираното зголемување на пензиите во изминатите години влијае на зголемување на просечната пензија во Република Македонија заклучно со октомври 2015 за 70% а на најниската пензија за 84%.

Би сакал сите корисници на пензија да ги поттикнам да ја искористат можноста и да аплицираат за проектите за бесплатна банско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд за 2016 година. Јавниот повик трае уште два дена и очекувам да се јават што е можно поголем број на пензионери за да ги искористат поволностите од овие два проекти од Владата на Република Македонија, порача Спасов.