Пензионерите добија пензии повисоки за 600 денари

На сметките на 284.878 пензионери денеска Министерството за финансии ги префрли февруариските пензии повисоки за 600 денари.

„Со зголемуваwето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе изнесува 12.445, односно ќе се зголеми за 62 отсто во однос на 2006 година кога просечната пензија изнесувала 7.683 денари. Со ова сме единствената земја, не само во регионот туку и во Европа, која успеа во вакви тешки времиња кога се чувствуваат последиците од кризата, не само да се заштитат пензионерите, да не се зголемува старосната граница и редовно да се исплаќаат пензиите, туку и да се изврши зголемување на пензиите“, велат од Финансии.

Министерството денеска исплати вкупно 3,5 милијарди денари за пензии.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.