Пензионерите поблиску до Фондот

Пензионерите како група на осигуреници, најмногу имаат потреба од здравствени услуги. Во јануари е потпишан меморандум за сорботка со две точки.

Едната е редовно излегување на новнини во списанието на пензионери за активностите на фондот, а втората е поблиска соработка по градови. Фондот веќе два месеци организира работилници во здруженијата на пензионери со тим од фондот.

Вториот дел од ваквите работилници е насочен кон трите најчести заболувања во светот и земјава, кардиоваскуларните, брубрежните и дијабетот.

Директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева Змејкова вели нема лице од оваа категорија која нема барем едно од овие заболувања, па ги информираме за скринингот кој како проект го почнавме со матичните лекари, за начинот на подобрување на животните навики, како да си го сочуваат здравјето и слично.

Во иднина планираат оваа соработка да ја прошират и во делот на лековите, но и други актуелни теми насочени кон оваа категорија на осигуреници.