Пензионерите се приклучуваат кон граѓанското движење за одбрана на Македонија

Во регионот пензиите се намалуваат, во Македонија се зголемуваат
Во регионот пензиите се намалуваат, во Македонија се зголемуваат

Пензионерите од цела Македонија се приклучуваат кон граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Претседателот на сојузот на Здруженија на пензионери, Драги Аргировски вели дека повозрасните генерации учествувале во креирањето на независна Македонија и дека како големи патриоти секогаш ќе ја бранат државата од странски и туѓи влијанија.

-Македонија треба да ја одбраниме од странското влијание. Тие немаат цел да те развијат. Тој што води разузнавачка служба, ја води да те руши. Затоа едно време имало УДБА за одбрана на државата. Меѓутоа тоа се стари методи, уште има здруженија кои останале со такви гледања дека ако не ни помогне, ако не ни се умеша, не можеме да успееме. Јас гарантирам дека можеме да успееме сами со свои мисли, со својата мудрост и искуство дека можеме да одиме на прав колосек, рече Аргировски.

Пензионерите го поддржаа движење за одбрана на Македонија бидејќи е креирано од граѓани кои и сакаат добро на нашата земја, а не политички партии.