Македонија

Пензионерите задоволни од новото зголемување на пензиите

Пензионерите задоволни од новото зголемување на пензиите
Пензионерите задоволни од новото зголемување на пензиите

Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ја поздрави одлуката за зголемувањето на пензиите од 1 септември за 5 отсто. Претседателот на Сојузот Драги Аргировски, истакна дека пензионерите треба да бидат задоволни, бидејќи во време кога во нашето опкружување пензиите се намалуваат, во Македонија се зголемуваат.

Во моментов има околу 23 илјади корисници на пензија во висина од 8 илјади денари и истите ќе добијат зголемување од 8 отсто
Во моментов има околу 23 илјади корисници на пензија во висина од 8 илјади денари и истите ќе добијат зголемување од 8 отсто

Најверојатно зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно, а и најдобро е да се добие линеарно зголемување, односно по 630 денари за секој пензионер, што значи дека најмногу ќе добијат оние кои имаат помали пензии, истакна претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија.

Аргировски потенцираше дека во моментов има околу 23 илјади корисници на пензија во висина од 8 илјади денари и истите ќе добијат зголемување од 8 отсто.

Пензионерите кои земаат по 9.500 денари, а тоа се 82 илјади пензионери тоа е голема бројка, ќе добијат зголемување од 7 отсто. Оние кои имаат просечна пензија од 12.470 денари ќе добијат зголемување во висина од 5 отсто, додека пак оние што земаат околу 20.000 денари пензија ќе имаат зголемување од околу 3 отсто, а најмало зголемување ќе имаат оние со пензија над 35 илјади денари.

Ова зголемување на пензиите, според него, ќе значи и зголемување на просечната пензија во Македонија.

Досегашните 202 евра ќе се покачат на 213, а 213 евра сега моментално нема ниту една држава во нашето опкружување. Бугарија и Албанија имаат по 150 евра пензија, Србија околу 180 евра, Косово 120 евра, Грција има значително намалување на пензиите, така што треба да бидеме задоволни со висината на пензиите, а уште повеќе што тоа ќе значи подобрување на стандардот на пензионерите во Македонија. Според Државниот завод за статистика, споредбено со земјите што ги спомнав, ние во Македонија имаме и најниска потрошувачка, додаде претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите, Аргировски.

Тој потесети и за останатите привилегии на пензионерите, како што се бесплатното болничко лекување, бањско- климатската рекреација, туристички викенд за пензионерите, како и бесплатното возење со воз и автобус.