Пензионерка одгледувала канабис

Баба од Ексмаут не знаејќи одгледала билка канабис висока метар и пол, која израснала од семе кое било во храна за птици.

Патриција Хјувитсон се јавила во емисија на радио за градинарство и побарала помош за идентификација на стеблото марихуана.

Откако се утврдило дека станува збор за нелегална билка марихуана, се вклучила и полицијата и утврдиле дека пензионерката не знаела дека одгледува илегална билка.

-Испратив фотографија по меил и добив интересни одговори, а меѓу нив беше и писмо од полицијата. Ми кажаа дека нема кривично да одговоарам бидејќи се работи за случајност, вели Патриција.

Сара Частер, експерт во емисијата за градинарство вели дека семето од канабис често се наоѓа во храната за птици што во случајот била ставена над местото каде марихуната израснала.

Канабисот е незаконски за одгледување, па брачниот пар Хјувитсон ја исекле билката и ја однеле во полиција.