четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Пензиониран полковник на АРМ фатен во криминал тежок 935.000 евра (ВИДЕО)

Шест осомничени фирми преку нивните сопственици и управители во изминатите неколку години најголем дел од нивното деловно работење го вршеле незаконски, односно прозводите кои ги произведувале или увезувале од странство, ги продавале за готови пари, на црно, информираат од Финансиската полиција.

Пензиониран полковник на АРМ фатен во криминал тежок 935.000 евра

Пензиониран полковник на АРМ фатен во криминал тежок 935.000 евра

Поврзани вести

Во акција на Управата за финансиска полиција откриен е нов, голем случај на добро организиран финансиски криминал во кој како главен актер и органзатор се јавува, лицето С.С од Штип, инаку пензионираниот полковник на АРМ.

-Финансиската полиција спроведе предистражна постапка кај фирмите Стар Груп од Скопје, Витамин Ага од Гостивар, Ванекс од Тетово, Златен Клас ДООЕЛ Куманово, Златен Клас Род Куманово и Златен Клас Џуна исто така од Куманово при што откри постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок 935.000 евра. Според податоците од предистражната постапка, шесте осомничени фирми преку нивните сопственици и управители во изминатите неколку години најголем дел од нивното деловно работење го вршеле незаконски, односно прозводите кои ги произведувале или увезувале од странство, ги продавале за готови пари, на црно без притоа да ги пресметаат и да ги платат даночните обврски кон државата, информираат од Финансиската полиција.

До основното јавно обвинителство во Скопје поднесена е кривична пријава против лицата Х.Д сопственик и управител на правниот субјект Стар Груп ДОО Скопје и С.С од Штип. Првопријавениот Х.Д во својство на сопственик и овластен потписник на правниот субјект Стар Груп ДОО, во период од 2011 до 2014 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупна вредност од 428.000 евра, ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство.

-Со ваквата постапка сопственикот на Стар Груп ДОО од Скопје се стекнал со противправна имотна корист во иснос од 163.000 евра на име затаен данок.За да го прикрие кривичното дело, на почетокот на 2014 година првопријавениот Х.Д се сретнал со штипјанецот С.С инаку пензиониран полковник на АРМ, при што договориле за одреден паричен надоместок С.С со помош на лицето Р.Т истотака од Штип да организира фиктивна продажба на правниот субјект Стар Груп ДОО Скопје на странскиот државјанин Кирил Рајчов Николов од Ќустендил-Република Бугарија. Бугарскиот државјанин најверојатно не

Најчитани вести