Пеп ја призна капитуалцијата околу Тони Крос

Пеп Гвардиола, предводникот на германскиот гигант Баерн (М), откри дека клупските челници не успеале во намерата да го убедат Тони Крос да остане на “Алианс Арена” уште неколку сезони.

Одличниот играч за врска пред неколку дена и официјално беше претставен како прва летна аквизиција на актуелниот европски клупски шампион, Реал (М), а од продажбата на репрезентативецот на Германија, Баерн (М) инкасираше околу 20 мил. евра.
“Ми беше голема чест што му бев тренер на Тони Крос. Му посакувам се најдобро на него и неговата фамилија во Мадрид. Сакам јавно да му се заблагодарам за се што направи во дресот на Баерн (М) во изминатата сезона. Да, имав проблеми со Крос на стартот од сезоната, но секогаш ги применуваше моите инструкции. Клупските челници дадоа се од себе, но не успеаа во намерата да го убедат да остане во Минхен уште некоја сезона. Можам да ја сватам неговата одлука. Крос е млад фудбалер, има потреба од нов предизвик. Мора да ја прифатиме неговата одлука. Се надевам дека сега е среќен во Мадрид”, изјави Гвардиола.