Пеп вети дека ќе го чека Ули Хенес

Предводникот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Пеп Гвардиола, откри дека ќе биде на „Алианс Арена“ и кога сега веќе поранешниот претседател на баварскиот гигант, Ули Хенес, ќе ја одлежи затворската казна од три и пол години која ја доби поради затајување на данок.

„Ќе останам во Минхен се додека Хенес не се врати на ’Алианс Арена’. Сакам да успеам и како тренер на Баерн (М), сакам да освојам што е можно повеќе трофеии. Планирам тука да останам уште најмалку две, три сезони. Сакам да бидам тука кога Хенес ќе ја одлежи затворската казна. Хенес има најголем удел во последниот успех на Баерн (М), без неговата помош Баерн (М) немаше да биде тоа што е денес“, изјави трофејниот шпански стручњак.