Пепе: Само Мурињо не се гледа во огледало

Пред неколку недели, контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека фудбалерите на Реал (М) поголемиот дел од денот го поминуваат пред огледало, но таквата негова изјава на нож беше дочекана од централниот дефанзивец на “кралскиот клуб”, Пепе.

“Ми се чини дека Жозе Мурињо е единствениот човек кој не се гледа во огледало откако ќе стане од спиење. Не сакам да влезам во дискусија со менаџерот на Челзи, но тоа е нешто нормално, постапка која се повторува секој ден. Тоа што се гледаме во огледало нема никакво влијание врз нашата игра. Ние сме дел од Реал (М), ние сме претставници на овој голем клуб и нормално дека мора да изгледаме убаво, да бидеме убаво облечени. Камерите постојано не следат, медиумите се позади нас, до нас, пред нас”, изјави Пепе.