Пепе: Знам дека ме доживуваат како убиец

Контроверзниот дефанзивец на шпанскиот гигант Реал (М), Пепе, повторно го критикуваше одличниот играч од редовите на Барселона, Серхио Бускец кој и телевизиската снимка и понатаму тврди дека не го згазнал со копачка по лице португалскиот интернационалец за време на првенствениот дуел одигра на „Сантијаго Бернабеу”.

„Никој не може да биде толку смешен, да го негира тоа што го има направено, да негира иако има телевизиска снимка и неколку слики од тој инцидент. Јас зборам со факти, јас имам доказ. Една од човечките особини е искреноста, да признаеш дека си направил грешка и да се извиниш. Јас да направев такво нешто, сигурно повеќе немаше да играм за Реал (М). Знам дека таква желба имаат многу луѓе, сакаат јас да не бидам дел од првиот тим, да не играм за Реал (М). Сигруно ќе бев избркан и од Шпанија. Јас имам репутација на убиец”, изјави Пепе.