Магазин

Пепелта на мртвите роднини ја претвораат во дијаманти

Пепелта на мртвите роднини ја претвораат во дијаманти

Што уште можете да направите со конвенционалната кремација и погреб. Сега можете да пепелта на вашите најмили да ја претворите во дијаманти, благодарение на една компанија во Швајцарија.

Швајцарската компанија „Алгорданза“ користи неколку различни машини и навистина неверојатни научни процеси, кои  почнуваат со трансформација на пепелта, а завршуваат со добивање дијамант. Јагленот се оделува од пепелта на мртовецот, па се претвара во графит, кој изложува на висока темепратура и притисок заради стварање дијамантско „семе“.

Бојата на каменот зависи од количината на елементот бор (повеќе бор резултира со потемна сина нијанса). Иако можби изгледаат убаво, еден камен чини околу 4.500 долари, на сметајќи на трошоците за кремирање.