Пералта е новиот херој на Мексико

Вториот натпревар од првото коло во групата “А”, дуелот помеѓу репрезентациите на Мексико и Камерун, заврши со минимален триумф на претставникот на Северна Америка.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 61 минута беше дело на брзоногиот напаѓач на Мексико, Орибе Пералта.

Со освоените три бода, тимот на Мексико се искачи на втората позиција на табелата и е веднаш зад домашинот, репрезентацијата на Бразил која има подобра гол разлика, а без бодови се националните тимови на Хрватска и Камерун.