Анализи

АНАЛИЗА: Лондон е рај за перење пари

АНАЛИЗА: Лондон е рај за перење пари
Лондон е рај за перење пари

Милијарди американски долари од така наречените „валкани пари“, чие потекло е од криминал, особено од Русија, се предмет на перење пари преку пазарот за недвижнини во Лондон, тврдат активисти за борба против корупцијата.

Британската влада, ветува справување со оваа проблематична појава.

Во изминативе пет години, имотите од висока класа во Лондон поскапеле за дури 42 отсто, што е последица на перење пари преку пазарот за недвижнини во британската престолнина, објавува „Voice of America“, пренесува Нетпрес.

Неодамна, на една британска телевизија, емитувана е емисија под наслов „Од Русија со пари“.

Перење пари преку недвижности - Рајот е Лондон
Перење пари преку недвижности – Рајот е Лондон

Активистот за борба против корупцијата и новинар, Роман Борисович, лажно се претставува како руски министер со интерес за купување на имот со украдени пари и посетува неколку агенти за недвижнини во централен Лондон.

Во разговор преку интернет врска со радиото „Voice of America“, тој раскажал што се случило. Според него, агентите му предлагале да купи имот преку оф-шор компанија, за да остане анонимен, откако тој претходно им кажал дека украл државни пари наменети за купување на лекарства. Тоа е едно класично перење пари преку купување имот и недвижнини.

– Тие сите беа нетрпеливи да продолжат. Дури и откако им кажав дека парите се државни и се наменети за купување на лекарства, а дека јас сум ги украл, и очигледно дека со тоа сум лишил болни луѓе од здравствена грижа. Воопшто не беа помалку заинтересирани и после тоа. Сите агенти за недвижнини предложија перење пари, со купување на имот преку оф-шор компании, за купувачот да остане анонимен. Еден дури предложи да се искористи даночниот рај на Кипар и на некои британски острови, за основање на така наречена „прикриена комапнија“. Токму тој агент предложи доброволно да не’ претставува пред финансиери на британските острови кои ги предлагаше, за заедничко основање на комапнија. Исто така предлагаше и дека може да среди кипарски адвокат да ја заврши целата работа, раскажал новинарот Борисович.

Перење пари преку луксузни имоти и недижнини -енормно зголемени цените во Лондон
Перење пари преку луксузни имоти и недижнини -енормно зголемени цените во Лондон

Според податоци на британските власти, имоти вредни околу 191 милијарди американски долари во Обединетото Кралство се сопственост на оф-шор компании. Претпоставуваат дека тоа е начин за перење пари.

Во изјава, за време на посетата на Сингапур, британскиот премиер Дејвид Камерон рекол дека повеќето се законски бизниси, но признава и дека има проблеми.

– Ние треба да ги сопреме корумпираните чиновници и припадниците на организираниот криминал да користат анонимни компании како покритие за инвестирање на своите незаконски стекнати приходи во недвижнини во Лондон, и кривично да ги гониме, изјавил Камерон.

Британските власти се информирани за сомнежите за перење пари со години наназад, вели Џастин Еркарт Стјуарт, од лондонската компанија „Севен Инвестмент менаџмент“.

– Тоа се крвави пари, кои доаѓаат од криминални активности, можеби од тероризам. Мора да сопре веднаш, мора да се пресече тоа перење пари, смета тој.

Според британските закони, агентите за недвижнини треба да направат извештај за секое сомневање дека парите кои се користат за купување на имот, можеби потекнуваат од криминални активности. Но, многумина од агентите потенцираат дека неможе да се очекува од нив да ги откријат сите измами.