Перковиќ го чека екстрадиција во Германија

Поранешниот југословенски и хрватски функционер на Удба, Јосип Перковиќ, тврди дека очекувал Врховниот суд на Хрватска да ја потврди одлуката за неговата екстрадиција во Германија.

Тој сепак тврди дека не очекува хрватското правосудство да биде „толку јалово“ кога е тој во прашање. Перковиќ рекол дека судењето во Германија ќе биде брзо, како и тоа дека ќе биде потврдена неговата неумешност во злосторството за кое се товари.

Германското правосудство го обвинува Перовиќ за организирање на убиство на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековица во 1983-та година во Минхен, а неговата екстрадиција ја потврди Врховниот суд на Хрватска и Перковиќ би требало да биде екстрадиран во следните десет дена.