Перо Антиќ и Атланта добија нов сопственик

Американскиот милијардер Тони Реслер од денеска, официјално, е нов сопственик на тимот на Перо Антиќ, Атланта Хоукс.

Зделката е вредна 850 милиони долари, а Реслер го презема клубот по преговори кои траеа речиси една година. Во меѓувреме на Атланта Хоукс значително и порасна вредноста имајќи предвид дека во основниот дел од сезоната го освои првото место во Источната конференција и стигна до конференциското полуфинале во плеј офот каде доживеа елиминација од Кливленд.

Со доаѓањето на новиот газда сигурно ќе има и значајни промени во организацискиот дел на Атланта Хоукс. Освен тоа, ќе се преговара и со слободните агенти, а еден од нив е и нашиот Перо Антиќ.