Измените на законите за персоналниот данок и за платниот промет пред пратениците

Измените на законите за персоналниот данок, за платниот промет и за задолжителни нафтени резерви пред пратениците.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 71. седница на чиј дневен ред се измените на законите за персоналниот данок, за платниот промет и за задолжителни нафтени резерви, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина, на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост и на Законот за земјоделското земјиште, во прво читање, како и за измените на Законот за пасиштата.

На дневен ред е и предлог на закон за дополнување на Законот за одбрана, како и измените на Законот за служба во Армијата на Република Македонја, двата во прво читање.

Пратениците ќе го разгледаат и предлог законот за амнестија

На продолжението на оваа собраниска седница пратениците ќе го разгледаат и предлог законот за амнестија, поднесен од 11.069 избирачи, како и годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2014 година.

Неколку барања за давање автентично толкување на членови од закони исто така се на дневен ред за 71.собраниска седница.