Перспективи на глобалното образование во Македонија

Промоција на концептот на глобално образование во земјите кандидати за членство во ЕУ, вклучително и Македонија, е целта на семинарот за перспективите на глобалното образование, што ќе се одржи денеска во Скопје.

Учесниците на семинарот ќе дискутираат на темите: Обезбедување квалитет во образованието, Образование за промена и Глобално образование и медиуми. Од семинарот треба да произлезе национален извештај за состојбата со глобалното и развојното образование и да се иницира национален стратегиски процес. Со тоа ќе се придонесе кон Европскиот процес во областа на глобалното образование и препораките од Конгресот за Глобално образование во Лисабон од 2012.

На отворањето на семинарот ќе се обрати заменик-министерот за обарзование и наука Сафет Незири. Организатори на семинарот се North South Центарот на Советот на Европа и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар,  со поддршка на Европската Комисија.