Перу е последната репрезентација која оди во Русија

Перу е последната репрезентација којашто се квалификуваше, низ дополнителните натпреваеи, за Светското фудбалско првенство коешто следната година ќе се одржи во Русија.

Перу пред домашните навивачи на „Естадио Национал“ во Лима во возвратниот меч од дополнителните калификации го совлада Нов Зеланд со 2:0, а бидејќи првата среда заврши без голови ќе се појави на мундијал првпат по 1982 годна.

Головите за перуанската селекција ги постигнаа Џеферсон Фарфан во 17 минута и Кристијан Рамос во 65 минута.

Со оваа победа Перу се врати на големата фудбалска сцена по цели 36 години кога оваа земја на Андите го имаше својот последен настап на мундијалите во 1982 година, а пред тоа играла на првото светско првенство во 1930 година во Уругвај, а потоа и во 1970 и во 1978 година,

Пред Перу, за светското првенство коешто ќе се одржи во периодот од 14-ти јуни до 15 –ти ули се квалификуваа Бразил, Уругвај, Аргентина, Колумбија, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Мексико, Панама, Костарика, Германија, Словенија, Белгија, Шпанија, Полска, Исланд, Србија, Франција, Португалија, Мароко, Тунис, Сенегал, Нигерија, Египет, Швајцарија, Хрватска, Шведска, Данска и Австралија и секако домаќинот Русија.

Ждребуањето за распоредот по групи во мундијалот на кој ќе настапат 32 селекии ќе се одржи на 1-ви декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.