Перу: Најмалку пет лица загинаа во поплави и свлечишта

Најмалку пет жртви во поплавите и свлечиштата во Перу, предизвикани оф поројните дождови. Локалните власти соопштуваат дека над пет илјади лица се принудени да ги напуштат своите домови.

Според официјални податоци четири лица загинале во шахта, чиј отвор бил затрупан. Едно лице се удавило во надојдена река. Од минатата година досега 11 лица загинале во поројни дождови во Перу.

Поради поплавите во Перу е нарушен автомобилскиот сообраќај. Околу 200 километри патишта се уништени од дождовите. Според метеоролозите кон крајот на неделата може да дојде до влошување на ситуацијата.