Перу: Во автобуска несреќа загинаа 34 луѓе

Во верижен судар на три автобуси и камион денеска во северниот дел на Перу загинаа најмалку 34 лица, а 70 се повредени, изјави министерот за здравје Анибал Беласкес, пишува МИА.

– Автобус на компанијата „Мурга“ минал во спротивна насока во близина на крајбрежниот град Урмеја, околу 300 километри северно од главниот град Лима, по што во него удрил камион и два други автобуси . Засега се извлечени 22 тела од автобусот, кој е поделен на два дела-изјави претставник на полицијата Орфилјес Браво.

Тој додеаде дека биланост на жртви е зголемен на 34 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.