Перуанците преку “црни магии” ќе се обидат да го сопрат Алексис Санчез

Перуанците преку "црни магии" ќе се обидат да го сопрат Алексис Санчез

Фановите на Перу имаат сомнежи околу квалитетот на дефанзивците во репрезентацијата, па затоа се решија да им помогнат на еден “поинаков” начин.

Тие преку “црни магии” ќе се обидат да го сопрат Санчез со што ќе им ја олеснат работата на своите фудбалери.

Брзината е главниот адут на Алексис, па затоа во магијата против него беше користена желка, се со цел Чилеанецот да биде многу побавен од вообичаено.

Погледнете како изгледаше овој “обред”, за кој вечерва ќе видиме дали ќе им биде од помош на Перуанците да го запрат најдобриот чилеански фудбалер.