Магазин

Перуанка сама чува 175 болни

Перуанка сама чува 175 болни

Марија Тореро (45) од Перу троши 1.785 долари месечно на лекови и храна за мачки кои се заболени од леукемија.

– Како медицинска сестра сметам дека моја должност е да ги прифатам животните кои другите ги отфрлиле. Никој не сака да посвои стари мачки, посебно не оние кои се тешко болни, рече Перуанката.

Нејзните миленичиња слободно шетаат по двокатниот стан со осум соби. Некои имаат свои кревети, а други повеќе сакат да спијат со Марија или нејзините деца.

Шестгодишниот Фабијан секојдневно и помага на мајката така што полни садови за храна и вода и менува песок.

– Покрај неопходната нега, мачките од моето семејство добиваат и безусловна љубов, а тоа им е најпотребно, објасни Марија Тореро.

Иако никој од нејзините соседи се уште не се пожалиле, ветеринарите ја предупредија дека леукемијата кај мачките се пренесува со директен контакт и делење садови за храна.