петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 49

Пешачки маратон по повод 25 години независна Република Македонија

Маратонот стартува од манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, преку Прилеп, Росоман, Градско и Велес, а маратонците се очекува да пристигнат во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на 8 септември.

маратон

Последни вести

 По повод 25-годишниот јубилеј  од независноста на Република Македонија, познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, ќе реализира пешачки маратон во должина од 268 километри.

Маратонот стартува од манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, преку Прилеп, Росоман, Градско и Велес, а маратонците се очекува да пристигнат во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на 8 септември.

Претседателот Иванов во своето писмо за поддршка ја поздравува оваа иницијатива и ангажман, посочувајќи дека организирањето на пешачкиот маратон е уште една убава можност за промовирање на Република Македонија, во годината кога го славиме 25-годишниот јубилеј од независноста, но истовремено е поттик и позитивен пример за сите млади луѓе.

– Вашиот следен предизвик, пешачкиот  маратон по повод  8 септември е уште еден ваш драгоцен спортски придонес во прославата на големиот јубилеј, порача претседателот Иванов.

Емил Илиќ во 2007 година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.

Најчитани вести