Мигот кога пешак беше прегазен од автомобил во кој удри автобус е снимен на надзорните камери во близина, а го објави Би Би Си.
На видеото се гледа како автобус во Лондон удира во автомобил кој пак удира во случаен минувач и го турка кон оградата.
Како што јавува Би Би Си, човекот се здобил со скршеници, а се очекува ноќта да ја помине во болница.